Екипата на Шкупи, иако е подобар противник, сепак, на полувремето игра само 1-1 против косовски Балкани. Добрата игра чаирскиот тим успеа да ја круниса во 18. минута со гол на Адетунџи, но радоста траеше само четири минути кога гостите успеаја да израмнат. Домашните имаа барем уште 2-3 добри прилики за промена на резултатот, но повторно, како и на претходните натпревари, реализацијата потфрли.
Првите 15 минути минаа со борбена игра на средината на теренот, многу загубени топки и една шанса. Адетунџи одкосо од лево упати прецизен удар, но голманот на Балкани одбрани во корнер. Балкани, пак, чекаше грешка на противникот и брзо се трансформираше во контри, но не успеа да направи ниту една посериозна шанса на стартот од мечот.
Во 18. минута водство за Шкупи. Алварез од десната страна нафрли на првиот дирек, а Адетунџи само малку ја чепна топката го смени правецот и постигна погодок.
Во миговите кога Шкупи ја имаше контролата, повторно прими гол. Идентично како и на минатите натпревари низ Европа, нафрлување од нивната лева страна беше „кобно“, па Балкани во 22. минута дојде до израмнување. Рахмани убаво од прва со нога го совлада Наумовски и донесе „егал“.
Шкупи се обиде да се „разбуди“ од шокот и со шут на Алварез со волеј од 20 метри, но голманот Љуљановиќ беше внимателен и успеа да одбрани. Адетунџи во 43. минута имаше прекрасна шанса по нафрлување на Брдаровски, меѓутоа неговиот удар со глава мина само сантиметри крај десниот дирек.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА