Спалети ја претстави својата богата колекција, а во неа се најдоа дресовите на Пандев и Христов (ФОТО)

Трнерот на Наполи и Ељиф Елмас, Лучијано Спалети пред популарната водителка Дилета Леота ја претстави својата голема колекција на дресови.

Во неговата „специјална“ соба се сместени и два дреса од македонски легенди, Горан Пандев и Ѓорѓи Христов.

Покрај нив, во колекцијата можат да се видат и дресови од импресивни имиња како Роналдо, Кака, Марадона, Тоти, Руни, Малдини, Виери и многу други.

 

 

Се вчитува...