Стартува Втората лига: Гостивар, Вардар, Беласица, Пелистер… во жестока битка за Прва лига!

Со седум натпревари денеска од 17 часот стартува новата сезона и во единствената Втора македонска фудбалска лига.

Екипите на Вардар, Гостивар, Беласица, Пелистер дефинитивно се со амбиции за водечките две позиции на табелата, иако од позадина својот интерес за врвот на табелата го најавуваат и Кожуф, Воска Спорт и Охрид.

Без сомнение, повеќе од неизвесен шампионат во битката за прволигашка промоција, за кој многу нејасностии може да разоткрие веќе денешното прво коло во кое Вардар гостува на Аресими во Гостивар, Беласица гостува на Детонит јуниор, а Гостивар, пак, ќе биде гостин на скопска Локомотива која откако ја купи лиценцата на пехчевскиот второлигаш, во есенскиот дел ќе настапува под името Пехчево.

Од првото коло, единствено одложен е натпреварот меѓу Борец и Слога Виница 1934 кој ќе се игра во среда (24. август) од 16 часот.

Се вчитува...