Во „Оака Арена“ во Атина вчера беше одигран пријателскиот натпревар помеѓу Грција и Турција кој беше се освен пријателски. Мечот започна со исвиркување на турската химна, а грчкиот селектор Димитирс Итудис на средината на третата четвртина мораме да се интервенира кај својот колега Ергин Атаман.
Турскиот селектор доби исклучување поради протест, а откако судијата му ја покажа соблекувалната одби да замине од теренот. По неколку минутното молење од страна на Итудис тој прифати играта да продолжи без негово водство, но не и да ја напушти салата, останувајќи на крајот на клупата.
Coach Itoudis saving the daypic.twitter.com/coxANvJZkU
— Eurohoops (@Eurohoopsnet) August 19, 2022
„Јас ја сакам Грција. Мораме да ги почитуваме националните химни бидејќи сме пријатели. Видов луѓе на кои им влијае политичката ситуација. Оваа ситуација е направена од страна на медиумите и не е добра. Како фан, како тренер и како член на кошаркарска селекција велам дека мораме да се почитуваме меѓусебно. Ние сме пријатели, поради тоа сме тука“, изјави Атаман по натпреварот, а доби поддршка и од грчкиот колега.
Грција славеше во „пријателскиот“ натпревар со 89-80 без услугите на Јанис Адетокумпо кој поради повреда го пропушти мечот. Во негово отсуство блесна неговиот брат Костас Адетокумпо кој постигна 19 поени и 13 скока. Лидер на Турција со 22 поени и 10 скока беше Фуркан Коркмаз.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА