Челси сеуште не успева да ја пополни празнината на стоперската позиција. Последен кој ги одби милионите на американскиот газда Тед Боели е Листер кој не дозволува заминување на Весли Фофана и покрај желбата на фудбалерот, па сега погледот на лондонскиот клуб е кон Манчестер Јунајтед и Хари Мегваер, пренесува „Дејли меил“.
Тимот од „Стемфорд Бриџ“ се распрашал за достапноста на капитенот на „црвените ѓаволи“, а во преговорите ќе го вклучи и американскиот репрезентативец Кристијан Пулишиќ кој не се снајде во Лондон, а сега бара нова дестинација каде ќе добие првотимски статус.
Потегот на Челси е изненадувачки и во очај. Хари Мегваер не само што не се прослави во Манчестер Јунајтед, туку беше виновен за многу киксеви претходната сезона кои продолжија и во новата. Манчестерскиот клуб по две одиграни средби во Премиерлигата против Брајтон и Брентфорд се наоѓа на дното на табелата со шест примени голови и само еден постигнат.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА