Интер ги промени планови за Милан Шкринијар и словачкиот репрезентативец и во иднина ќе го носи дреост на „нероаѕурите“, пренесуваат италијанските медиумите. Стоперот беше трансфер цел на неколку европски великани меѓу кои и ПСЖ, но „светците“ сега ќе морат да бараат нов фудбалер.
Преговорите помеѓу италијанската и француската страна траеа речиси од почетокот на летото, но не успеаја да ја договорат сумата на трансферот. Барањата на Интер за играчот чиј договор истекува во 2023 година беа поголеми од тоа што сакаше да го издвои ПСЖ, а одолговекувањето на истите не вродија плод.
Интер целеше на трансфер со цел собирање на средства за нови трансфери, но до истите дојде по реализираните трансфери на Андреа Пинамонти во Сасуоло и Цезаре Касадеи во Челси. Не само што Интер го промени ставот за Словакот, туку во следниот период се очекува и започнување на преговори за нов договор со кој ќе се продолжи соработката која трае од 2017 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА