Спринт трките како квалификации за Голема награда направија револуција во Формула 1 шампионатот, а овој пример сега ќе го наследи и Мото ГП и од 2023 година ќе започне со нивна организација.
Натпреварувачката комисија денеска се состана во Зелтвег пред ГН на Австрија каде беше прифатен предлогот претставен од страна на сопственикот на правата на натпреварувањето, Дорна. Раководството подоцна на пресконференција ги потврди промените наведувајќи дека на шампионатот му требаат промени за поголема заинтересираност од јавноста и сите тимови се сложни на овој предлог.
Исто како и во Формула 1 шампионатот, спринт трките се очекува да се организираат на половина од растојанието на една трка, а возачите кои ќе завршат на првите десет места ќе добијат половина од бодовоите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА