Канаваро со критика кон Погба: Се дур мисли каква му е фризурата нема да биде еден од најдобрите

Пол Погба ова лето се врати во редовите на Јувентус по шест години поминати во Манчестер Јунајтед и од него се очекува да биде клучниот дел од тимот во походот кон долго посакуваниот трофеј во Лигата на Шампионите. Очекувањата за Французинот се големи, но ќе ги исполни само доколку умот му е на фудбалот, а не на фрузурата, вели Фабио Канаваро.

Легендарниот италијански стопер кој ги бранеше боите на „страдата дама“ во два наврати од 2004 до 2006 година, и подоцна во сезоната 2009/10 вели дека кога еден играч размислува за имиџот, а не за перформансот на теренот не може да биде меѓу најдобрите.

„Кога еден играч размислува повеќе за тоа како изгледа на теренот и каква му е фризурата не може да биде меѓу најдобрите. Во Манчестер Јунајтед беше непретпознатлив, но верувам дека тој сака да се освети во вториот настап во Италија и ќе биде големо засилување“, вели Канаваро.

Погба веќе го разочара Јувентус ова лето со одбивањето да замине на операција на коленото и одлуката да биде дел од француската репрезентација на престојното Светско првенство. Дали ќе ги разочара навивачите на крајот на сезоната останува да видиме.

Се вчитува...