Реал Мадрид замената за Касемиро ја најде во Лондон

Реал Мадрид по десет години ќе остане без услугите на Касемиро кој ќе се пресели во редовите на Манчестер Јунајтед. А, и покрај тоа што тренерот Карло Анчелоти изјави дека неговиот клуб нема да бара замена за Бразилецот ова лето „кралевите“ се распрашале за достапноста на фудбалерот на Тотенхем, Пјер-Емил Хојбјерг.

Данскиот репрезентативец е добро познат по борбеноста и тоа е главната карактеристика која му се допаѓа на Реал Мадрид, пренесуваат шпанските медиуми. Тој веќе има и искуство настапувајќи во силната Премиерлигата па се очекува да биде „полн погодок“ за Шпанците.

Дваесетиседумгодишникот има договор со Тотенхем до крајот на месец јуни 2025 година, а дел од долгорочните планови на Тотенхем па јасно е дека Реал Мадрид ќе треба да издвои сериозна сума на пари за негов ангажман. Надежите на „кралевите“ дека статусот на клубот ќе го примами интересот на Данецот бидејќи ваква шанса не се добива секој ден.

Хојбјерг сениорската кариера ја започна во Баерн Минхен, настапи и на 17 средби за првиот тим на баварците, но од 2016 година е дел од англискиот крем. По четири години поминати во Саутемптон во 2020 година се пресели во Лондон.

Се вчитува...