Челси и Арсенал тријат раце: Фофана и Тилеманс не се во составот на Лестер

Лестер во третото коло од Премиерлигата на домашен терен го угостува Саутемптон, а во тимот недостастуваат Весли Фофана и Јури Тилеманс кои се обидуваат да изнудат трансфер. За нив се заинтересирани Челси, односно Арсенал, а двата играчи преферираат промена на средината и премин во лондонските тимови пред почетокот на септември.

Челси и Лестер веќе некое време водат преговрои за услугите на Фофана, но „лисицте“ бараат нереална сума за негов трансфер се со цел да се одбие интересот на „сините“. Слична е ситуацијата и со Тилеманс за кој веќе подолго време постои интерес од Арсенал, но тој е во долгорочните планови на шампионот од 2015 година.

Фофана денеска воопшто не е во составот на Лестер, додека Тилеманс кој ги започна претходните два натпревара овој пат е на клупата за резерви.

Говорејќи на оваа тема предводникот на Лестер, Брендон Роџерс непосредно пред мечот изјави дека овие два играчи „со главата не се во Лестер“ и затоа не се ни на теренот.

Се вчитува...