ВТОРА ЛИГА: Вардар, Пелистер и Гостивар стартуваа со гостински победи во новата сезона!

Најголемите фаворити за првото место во новата сезона од единствената Втора лига, екипите на Вардар, Пелистер и Гостивар го стартуваа шампионатот со Победи.

Вардар триумфираше со 0-1 на гостувањето против Арсими во Гостивар со голот на Дарио Десниќ во 52. минута од средбата.

Гостивар на дуелот на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари го победи со 2-3 новиот фузиран тим на Локомотива Пехчево, а со 2-4 и Пелистер славеше на гостувањето против Кожуф во Гевгелија, иако „пелистерци“ имаа предност и од 0-3, но дозволија во финишот два гола на домашните, за да сепак на крај дојдат до триумф од 2-4. Мустафов, Трајковски, Фазлиу и Наумоски беа стрелци на головите за Пелистер, а Кудијан и Бејков погодија за Кожуф.

Охрид дојде до победа против Тетекс од 2-1 со головите на Роберт Митев во 41. и во 64. минута од средбата. Гостите од Тетово во 76. минута преку Сарески го постигнаа почесниот погодок на мечот.

Воска спорт триумфираше со 0-2 на гостувањето против Караорман во Струга. Емини во 33. минута и Бехар Фета во 53. минута беа стрелци за Воска.

Беласица, пак, загуби со 2-0 на гостувањето против Детонит Плачковица во Радовиш. Зоран Андонов во 11. минута и Дарко Алексовски во 52. минута беа стрелци на головите за триумф на Детонит Плачковица.

Беса со 1-2 победи на гостувањето против Каменица Саса. Ардит Зеќири и Фитон Адеми донесоа предност од 0-2 за Беса, а Бошко Ступиќ во 79. минута стрелаше за домашните, за ублажен пораз од 1-2.

ВТОРА ЛИГА – 1. КОЛО
Арсими – Вардар 0-1
Кожуф – Пелистер 2-4
Охрид – Тетекс 2-1
Локомотива Пехчево – Гостивар 2-3
Каменица Саса – Беса 1-2
Караорман – Воска спорт 0-2
Детонит Плачковица – Беласица 2-0
Борец – Слога Виница (24. август)

Се вчитува...