Грција со Јанис Адетокумпо на мегдан со Србија во Белград

Селекторот на грчката кошаркарска репрезентација, Димитрис Итудис ќе може да смета на услугите на Јанис Адетокумпо за престојните натпревари од квалификациите за Светското првенство 2023, меѓу која е и средбата во Белград против Србија.

„Грчкиот ѕвер“ ги пропушти натпреварите против Шпанија и Турицја во подготовките за престојните мечеви од квалификациите и Евробаскетот поради повреда на грбот, но денешните прегледи утврдиле дека се ќе биде во ред во НБА супер-ѕвездата.

Натпреварот во Белград на кој Србија нема право на грешка доколку сака да се најде на собирот на најдобрите светски репрезентации ќе биде одигран на 25. август.

Се вчитува...