Рајковиќ прозиваше во ЦСКА Москва (ФОТО)

Емил Рајковиќ и официјално ја почна својата авантура како шеф на стручниот штаб на ЦСКА Москва откако македонскиот стратег го означи стартот на подготовките на рускиот кошаркарски гигант.

Рајковиќ пристигна летово во ЦСКА на местото на Итудис, тимот нема да има голем број на „ѕвезди“ како во минатото, но амбицијата останува иста – трофеј во ВТБ-лигата кога веќе на рускиот гигант не му е дозволено да се натпреварува во Евролигата.

Рајковиќ на првиот тренинг не можеше да смета на најдобриот кошаркар на ЦСКА, Алексеј Швед, кој се уште се рехабилитира по извршениот хируршки зафат по операцијата на дланката, како и на српските репрезентативци Милутинов и Давидовац, кои имаат обврски кон својата репрезентација.

Се вчитува...