Реал Мадрид броеше до четири против Селта Виго

Фудбалерите на Реал Мадрид забележаа уште една убедлива победа совладувајќи го Селта Виго на гостински терен со 1-4 во второто коло од Ла Лига.

Натпреварот го отвори Карим Бензема кој во 14. минута не пропушти да постигне гол од белата точка, а откако во 23. минута Аспас донесе изедначување на 1-1, Лука Модриќ со маестрален гол го врати својот тим во предност на четири минути пред крајот на првото полувреме.

Голедата продолжи во 56. минута кога Винисиус Џуниор го совлада Маркезин. Валверде зголеми на 1-4 во 66. минута, а „петардата“ имаше шанса да ја комплетира Азар, но Белгиецот не реализираше од белата точка во 87. минута.

Се вчитува...