Дербито во Струмица: „Пандевци“ го сакаат „скалпот“ на Шкендија!

Дербито од 3. коло во Првата македонска фудбалска лига денеска од 17 часот во Струмица. Академија Пандев домаќин на Шкендија во желбата за нови три бода.

По претходната извонредна победа на „пандевци“ во Скопје на гостувањето против Работнички од 0-5, сега со засилен мотив ја пречекуваат Шкендија во желбата за нови бодови.

Но, и Шкендија, по одличните игри на европската сцена, сега комплетно се насочува кон домашното првенство. Тетовци веруваат дека можат и до победа во Струмица, како начин за приклучок на врвот од табелата.

Лидерот Струга ТЛ, пак, го пречекува Работнички кој има очаен старт на сезоната со два порази и гол разлика од 0-7. Стружани по двете почетни победи сега веруваат дека можат до нови три бода.

Силекс, по одличниот старт, на домашен терен го пречекува Скопје. Кратовци ја носат фаворитската улога но истата ќе мора да се потврди на терен.

ПРВА ЛИГА – 3. КОЛО (денеска, 17 ч.)

Кавадарци: ТИКВЕШ – БРЕГАЛНИЦА

Кратово: СИЛЕКС – СКОПЈЕ

Струмица: АК. ПАНДЕВ – ШКЕНДИЈА

Струга: СТРУГА ТЛ – РАБОТНИЧКИ

Слободен е ШКУПИ

ВЧЕРА

Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – ПОБЕДА 4-1

Се вчитува...