Антоан Гризман повеќе не е незаменлив дел од екипата на Атлетико Мадрид, но тоа не значи и негово сигурно заминување од редовите на поранешниот првак на Шпанија.
Диего Симеоне им дава предност на Мората и на Жоао Феликс во подготвителниот период, како и на стартот од сезоната, но аргентинскиот стратег јасно стави до знаење дека Гризман не е отпишан во неговите планови.
„Јас имам високо мислење за Гризман и тој го знае тоа, знае дека сакам да остане во Атлетико. Точно е дека Феликс и Мората се стартери во моментов, тие функционираат многу добро во последно време, но тоа не значи дека не сметаме на Гризман. Тој е извонреден играч со фантастичен преглед на играта, некој што може да даде нова димензија на нашите настапи“, изјави Симеоне.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

