Едуард Менди многу пати минатата сезона го спасуваше Челси, но сенегалскиот голман денеска е апсолутен трагичар на „Иланд роуд“ против Лидс.
Резултатот беше 0-0 кога по една вратена топка голманот наместо да ја исфрли реши да дрибла, но се посрамоти, па Aронсон му ја украде на работ од петерецот и ја смести во празната мрежа.
Челси до тој момент ја контролираше играта, но Лидс доби крила, па експресно поведе и со 2-0 со голот на Родриго.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

