Го напушта Лацио и се сели во Интер

Франческо Ачерби ќе биде најново засилување на Интер, откако директорот Марота ја исполни желбата на тренерот Инзаги за ангажман на нов искусен одбранбен фудбалер. Ачерби ќе пристигне од редовите на Лацио, заминувајќи од римскиот клуб со простување на дел од платите што му се должат за да добие зелено светло за преселба нa „Џузепе Меаца“.

Ачерби уште пред извесно време побара трансфер од Лацио, но одби пет различни клубови пред на сцена да стапи Интер. Договорот со „нероаѕурите“ е со важност на две години, со можност за продолжување на уште една сезона, а во Милано го очекува сериозна борба за првотимски статус ако се знае дека Инзаги во тимот веќе ги има Шкринијар, Бастони и Де Фрај.

Aчерби минатата сезона настапи на 36 натпревари за Лацио и беше меѓу најискусните во тимот на Маурицио Сари, постигнувајќи четири гола и две асистенции.

Се вчитува...