Тухел: Му дадовме два подароци на Лидс и тоа е тоа

Томас Тухел имаше причина за нервоза и незадоволство по денешното издание против Лидс, на кое Челси претрпе убедлив пораз од 3-0.

Дуелот го одбележа катастрофалната грешка на голманот Менди при првиот гол за домаќините, момент по кој Челси падна во криза, а домаќините добија на самодоверба и на крајот стигнаа до убедлива победа.

„Бевме подобри во првите 20 минути, но потоа престаанавме да го правиме она што го правевме добро, сите почнаа со некои свои одлуки на теренот и плативме поради тоа. Имавме одлични шанси на стартот, на вакви натпревари шансите мора да се користат. Потоа му дадовме два подароци на Лидс и тоа беше тоа, повеќе немаше враќање. Премногу често ни се случува со индивидуални грешки да му дозволуваме на противникот да ни даде гол, тоа е нешто на што ќе мораме да поработиме“, изјави Тухел.

Се вчитува...