Коло на црвени картони – дури седум на три меча: Шкендија подобра од „пандевци“, Струга со трета победа, Работнички со трет пораз (ВИДЕО)

Коло на црвени картон во македонската Прва лига. Дури шест исклучувања на три натпревари, во Кратово, Струга и во Кавадарци, а единствено црвен картон немаше во Струмица каде Шкендија славеше против Академија Пандев со 0-1.

Шкендија го доби дерби дуелот во Струмица, благодарение на голот на Шаља во 75. минута од средбата. Претходно, во првиот дел тетовци имаа неколку одлични шанси, а Хасани погоди и дирек во обидот да го совлада домашниот голман.

Повеќе од тензичен натпревар одиграа Тиквеш и Брегалница во Штип, пред се во второто полувреме. Брегалница беше многу подобра во првото полувреме во кое дојде со предност од 0-1 со прекрасниот погодок на Силјановски во 25. минута.

Но Тиквеш успеа да израмни во 57. минута со голот на Спахиу.

Во 75. минута тензични минути кога капитенот на Брегалница, Даниел Мојсов заработи црвен картон поради конфликт со навивач провокатор од трибините во Кавадарци. По бројните навреди кон него и неговото семејство, Мојсов не успеа да ги задржи емоции, избувнувајќи го навивачот на кого не му е место на спортски трибини, па неизбежно заработи црвен картон.

Струга ТЛ, пак, ја запиша и третата победа на стартот од сезоната, а Работнички го запиша и третиот пораз во исто толку средби. Откако првото полувреме заврши 1-1, стружани до победата дојдоа во вториот дел со голот на Сава Радиќ во 75. минута. И мечот во Струга заврши со три црвени картони, два кај домаќините заработија Буњамин Шабани и стрелецот Сава Радиќ, а еден кај гостите од Скопје заработи Методи Максимов.

Силекс ја запиша и втората победа сезонава, триумфирајќи повеќе од заслужено со 3-1 против Скопје. И во Кратово дури три црвени картони, два за домашните и еден за гостите. Кај Силекс „поцрвенеа“ Љамалари и Андреј Ричков, а кај Скопје исклучен беше Јасмин Мециновиќ уште во првото полувреме.


ПРВА ЛИГА – 3. КОЛО 
Кавадарци: ТИКВЕШ – БРЕГАЛНИЦА 1-1
Спахиу 57′ – Силјановски 25′
Кратово: СИЛЕКС – СКОПЈЕ 3-1
Обадовиќ 45’+2, 49′, Алии 72′ – Хајдари 47′
Струмица: АК. ПАНДЕВ – ШКЕНДИЈА 0-1
Шаља 75′
Струга: СТРУГА ТЛ – РАБОТНИЧКИ 2-1
Мерџани 12′, Радиќ 75′ – Тодоровски 25′
Слободен е ШКУПИ

ВЧЕРА
Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – ПОБЕДА 4-1

Се вчитува...