Атлетико Мадрид претрпе пораз на првиот домашен меч од новата сезона, откако избраниците на Диего Симеоне загубија од Вилјареал со 0-2.
Дуелите на овие два тима вообичаено минуваат во знакот на цврстите одбрани на двете страни, а исклучок не беше ниту вечерашниот натпревар. Како пресудна се покажа лошата интервенција на домашните фудбалери во 73. минута, кога Пино неочекувано доби простор пред себе што крилниот фудбалер на Вилјареал знаеше како да го искористи и да го матира Јан Облак.
Атлетико тргна во офанзива по примениот гол, а најубавата шанса беше пропуштена откако Куња од идеална позиција ја погоди само гредата, а по одбиената топка Караско биеше со глава, но голманот едвај јазапре на самата гол-линија.
Страстите зовреа во самиот финиш откако бекот Молина бесен на одолговлекувањето на гостите удри еден од фудбалерите на Вилјареал и доби директен црвен картон.
Точка на мечот стави Морено во 97. минута, крунисувајќи еден контранапад на гостите за победа и прекин на постот од 16 меча без триумф на Вилјареал во пресметките со Атлетико.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

