Бенасер го спаси Милан од пораз во Бергамо

Аталанта и Милан ремизираа 1-1 во вечерашниот дуел од второто коло од Калчо-лигата, први загубени бодови и за двата тима по стартните победи што ги забележаа минатиот викенд.

Милан имаше повеќе од играта, но сепак Аталанта беше тимот што прв дојде во водство, откако Малиновски се најде осамен на работ на шеснаесетникот, шутираше силно, топката го закачи Калулу и го измами голманот Мењон, завршувајќи во неговата мрежа.

„Росонерите“ тргнаа во офанзива во вторите 45 минути, а иницијативата вроди со плод кон средината на полувремето, кога Бенасер со одличен удар од десетина метри го израмни резултатот.

Најубавата шанса за победа ја имаше Милан преку Ориги, но Џимсити одлично го блокираше во последен момент асот на „росонерите“, интервенција при која дефанзивецот на Аталанта заработи и повреда поради која веднаш мораше да биде заменет.

Се вчитува...