Барса нема проблем кога Столе Димитриевски не е на голот на противникот

Барселона го надмина разочарувачкото реми со Рајо Валјекано на отворањето од сезонава, откако каталонскиот гигант славеше со 1-4 на вечерашното гостување против Реал Сосиедад. Столе Димитриевски ги излуде избраниците на Чави минатиот викенд, но Левандовски и компанија овојпат беа далеку порасположени за постигнување на погодоци, со одлично офанзивно издание трасирајќи си го патот до победата.

Левандовски својот прв гол во Ла Лига го постигна уште во првата минута од вечерашниот дуел, на најдобар можен начин прославувајќи го својот 34. роденден. Радоста траеше многу кратко бидејќи веќе во 5. минута Реал Сосиедад стигна до израмнување откако Исак со помош на Ерик Гарсија ја смести топката преку голманот Тер Штеген во мрежата на Барселона. Домашниот состав имаше одлична шанса и за втор гол, но Тер Штеген фантастично го запре ударот на Давид Силва.

Клучен момент беше влегување на Ансу Фати на местото на Феран Торес кон средината на второто полувреме, бидејќи токму младиот Шпанец беше клучен фактор. Тој асистираше до Дембеле и до Левандовски за водство од 1-3, пред Фати самиот да го постигне четвртиот гол за Барса, по одличното додавање на Левандовски.

Се вчитува...