Екипата на Атлетико Мадрид се „сопна“ на стартот на новата сезона. Иако имаа победнички старт од 3-0 против Гетафе, во второто коло се „сопна“ од Вилјареал, кој што славеше на Ванда Метрополитано со 0-2 со головите на Пино и Морено.
Вечерта ја одбележа скандалот кој го направи играчот на Атлетико, Марио Хермосо. Нервозните навивачи на домашниот тим по завршувањето на натпреварот не штедеа критики кон своите играчи, а Хермосо не можеше да се воздржи.
Тој ги загуби нервите и тргна да се пресметува со навивачите. Ја прескокна оградата која ја дели теренот и трибините, беше подготвен и да ги удри провокаторите, но некако успеаја да го смират.
Членовите на стручниот штаб и редарите откако видоа што се случува, успеаја да го спречат во намерата и да го вратат на теренот, додека на стадионот брзо се појавила и полицијата која ги испрати незадоволните навивачи.
Atletico Madrid not a happy camp after their LaLiga defeat to Villarreal.
Fans venting their frustration and defender Mario Hermoso trying to jump into the stands to confront them 😳pic.twitter.com/Rw888J7nrs
— Sacha Pisani (@Sachk0) August 21, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

