Денис Родман ќе оди кај Путин за да ја ослободи Гринер од затвор

Контроверзниот поранешен НБА-кошаркар Денис Родман објави дека е подготвен да замине за Русија на средба со Владимир Путин, се со цел да се најде решение и да се ослободи американската кошаркарка Бритни Гринер.

Родман важи за еден од поддржувачите на Путин, за кого во минатото говореше со најголеми комплименти, па поранешниот НБА-првак е убеден дека ќе може да влијае позитивно за Гринер што поскоро да биде пуштена на слобода.

„Добив дозвола да заминам за Русија за да и помогнам на таа кутра девојка. Се обидувам да најдам начин да заминам веќе оваа седмица“, изјави Родман во интервјуто за ‘NBC News’.

Ова не е прв пат Родман да биде посредник во преговарачки процес меѓу САД и непријателска држава, откако пред десет години тој отпатува во Северна Кореја кај својот пријател Ким Јонг Ун, давајќи значаен придонес за ослободувањето на Кенет Бае, кој претходно од корејските власти беше осуден на 15 години затвор.

Се вчитува...