Арсенал има старт од сништата во новата сезона во Премиерлигата. „Топџиите“ направија одличен потег со ангажманот на Габриел Жезус и Олександар Зинченко, а за уште посилен состав тренерот Микел Артета се обидува да го ангажира Педро Нето.
Португалското крило е дел од Вулверхемптон од 2019 година и оттогаш се наметна како незаменлив дел од тимот. Досега настапи на 95 натпревари, постигна 11 гола и забележа 12 асистенции. Арсенал веќе стапил го контакт со неговиот агент, а се очекува за неговите услуги да издвои 40 милиони евра.
Ангажманот на 22-годишниот Нето ќе значи и дефинитивно заминување на најскапиот трансфер во историјата на клубот, Николас Пепе кој се наоѓа пред враќање во Франција во редовите на Ница.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

