Бразилецот Касемиро денеска на прес-конференција се збогуваше од Реал Мадрид, а попладнево ќе отпатува во Манчестер на потпис на договорот со тимот на Јунајтед. Играчот од средниот ред имаше емотивно збогување од таборот на „кралевите“, а во еден момент се расплаче.
Тој освои се што можеше да се освои со „кралевите“, и рече дека имал чувство дека дошло време за нов предизвик. Тоа го претпоставил и после финалето во Париз.
„После финалето во Париз разговарав и со челниците на клубот и им реков дека имам чувство дека мојата ера заврши тука. Потребен ми е нов предизвик, и благодарност до Реал што ми го овозможи тоа. Дадов се за овој клуб, а сега е време за нови нешта. Сакам да му помогнам на Манчестер Јунајтед, сакам да освојувам нови трофеи. Тоа е најголемиот клуб во Англија. Ја обожувам Премиерлигата, и секогаш велев дека сакам еден ден да заиграм таму. Ова не беше избрзана одлука како што мислат луѓето, размислував уште после финалето во ЛШ. Сите што мислат дека заминувам поради парите, грешат. Ако беше поради парите, ќе заминев многу порано. Секогаш се чувствував убаво во клубот. На Анчелоти цел живот ќе му го паметам тоа кога кажа дека јас, Крос и Модриќ сме „Бермудски Триаголник“, рече Касемиро.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

