Операцијата „заминувања“ на Реал Мадрид му донесоа профит од над 100 милиони евра

Реал Мадрид ова лето не беше многу активен на трансфер маркетот во делот на ангажман на нови фудбалери, но го искористи летото за стекнување на голем профит. Од „Сантијаго Бернабеу“ веќе заминаа единаесет играчи кои на „кралскиот клуб“ му донесоа профиот од над 100 милиони евра.

Мадридскиот клуб не заработи од заминувањето на Марсело, Иско и Герет Бејл, но доби значајно олеснување во платите. Направи профит од Марио Гила кој замина во Лацио, Виктор Чуст во Кадиз, Такефусо Кубо во Реал Сосиедад, Борха Мајорал во Гетафе, Мигел Гутиерез и Реинер во Џирона, Малвин Парк во Лас Палмас и Касемиро во Манчестер Јунајтед.

Притоа Реал Мадирд ќе има 50 отстотна заработка од следниот трансфер на Лука Јовиќ кој по неуспешната кампања во Мадрид се пресели во Фиорентина, а и допрва следуваат заминувања на Марко Асенсио, Мариано Диаз и Алваро Одриазола.

Се вчитува...