Oфицијално: Самет Јигитоглу го засили МЗТ Скопје

Самет Јигитоглу од следната сезона ќе го носи дресот на првиот тим на МЗТ Скопје, официјално потврди клубот од Аеродром. Турскиот центар кој претходната сезона беше дел од вториот тим на „штрковите“, во новата ќе води битки за шампионот.

На 16 одиграни средби во Првата кошаркарска лига, 18-годишникот забележа просек од 10.3 поени и 8.5 скокови, притоа завршувајќи го регуларниот дел од првенството како втор најдобар скокач. Јигитоглу во продолжението од сезоната беше дел и од јуниорската Евролига каде настапуваше за составот предводен од легендарниот Василис Спанулис.

Турчинот е петтиот странец во редовите на актуелниот шампион по Бре Ајви, Еван Максвел, Мајк Кафи и Страхиња Миќовиќ. Претходно договорите ги продолжија Дамјан и Војдан Стојановски, Адем Мекиќ, Бојан Крстевски, Дамјан Робев и младите Димитар Иванов, Марко Спасовски и Бојан Величковски, а тимот ги ангажира и репрезентативците Андреј Магдевски и Анреј Андоноски.

 

Се вчитува...