Челси се мачи да ги доведе засилувањата што ги посакува Томас Тухел, но затоа управата на клубот умешно се ослободува од сите играчи на кои германскиот стратег не смета сериозно за новата сезона.
Така, од денеска член на Челси не е Емерсон Палмиери, кој кариерата ќе ја продолжи во дресот на Вест Хем. „Сините“ ја прифатија понудата од загарантирани 13 милиони фунти (плус два милиони врзани преку неколку клаузули), а останува само уште фудбалерот да ги мине лекарските прегледи за трансферот да биде официјализиран.
Палмиери пристигна како големо засилување за бековската позиција во јануари 2018 година, но никогаш не се наметна како прва опција за овој дел од тимот на Челси. Ланската сезона ја мина на позајмица во Лион, но откако францускиот клуб реши да не го откупи неговиот договор Бразилецот со италијански пасош веднаш беше ставен на трансфер-листа.
Тухел на оваа позиција ги има Кукуреља, Чилвел и Алонсо, па се очекува токму Алонсо да биде следниот низ излезната врата од „Стемфорд бриџ“, со комплетирање на неговиот трансфер во Барселона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

