Раководството на КФСМ реши да вклучи уште еден поранешен репрезентативец во своите структури, откако денеска и официјално го именуваше Ѓорѓи Чековски за нов тим-менаџер на машката сениорска репрезентација.
Чековски, кој важеше за голем борец на теренот, долги години го носеше репрезентативниот дрес и беше дел од генерацијата што го оствари најголемиот успех во историјата на мак-баскетот, освоеното четврто место на ЕП во Литванија. Тој е назначен на функцијата на три дена пред првиот натпревар на македонската репрезентација во претквалификациите за Европското првенство во 2025 година, против Данска во Нествед.
Ова е своевидно враќање на 43. годишна македонска спортска легенда во кошаркарските води, откако тој мина кратко време како директор на КК Работнички, но не успеа да ја среди хаотичната состојба во која се најде најтрофејниот македонски кошаркарски колектив.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА