Тен Хаг врти нов лист: Роналдо и Мегваер преселени на клупата за резерви против Ливерпул

Ерик Тен Хаг испрати силна порака до „ѕвездите“ на Манчестер Јунајтед, оставајќи ги Кристијано Роналдо и капитенот Хари Мегваер на клупата за резерви за вечерашното дерби со Ливерпул.

Роналдо упорно инсистира на трансфер, па своето место во тимот му го препушта на младиот Еланга, додека Мегваер по серијата слаби настапи се сели на клупата, а шанса во срцето на одбраната ќе добијат Мартинез и Варан. Рокада ќе има и на позицијата лев бек, каде новото засилување Маласија доби предност пред Лук Шо.

Јирген Клоп поради бројните проблеми со повреди нема многу простор за експеримент, Салах, Дијаз и Фирмино се во напаѓачкото трио, Милнер доби предност во средниот ред пред Фабињо, додека во одбраната Гомез ќе му прави друштво на Ван Дајк. Во последен момент поради повреда отпаднал и Наби Кеита, приклучувајќи се на долгата листа отсутни играчи кај „црвените“.

МАНЧЕСТЕР Ј. – ЛИВЕРПУЛ

МАНЧЕСТЕР: Де Хеа, Дало, Маласија, Варан, Мартинез, Мектоминеј, Ериксен, Фернандеш, Санчо, Еланга, Рашфорд.

ЛИВЕРПУЛ: Алисон, Александер Арнолд, Робертсон, Ван Дајк, Гомез, Хендерсон, Милнер, Елиот, Фирмино, Дијаз, Салах.

Се вчитува...