Фудбалерите на Ливерпул загубија со 2-1 во дербито на Англија против Манчестер јунајтед како дел од последниот натпревар од 3. коло во англиската Премиер-лига.
По три одиграни кола „црвените“ имаат освоено само два бода и се наоѓаат на 16. позиција на првенствената табела. Менаџерот на тимот од „Енфилд“, Јирген Клоп вели дека е малку загрижен околу целата ситуација.
„Немам многу аргументи го загубивме мечот. Морам да признаам дека малку сум загрижен. Во незгодна ситуација сме што се однесува до повредите. На располагање имам само 14 или 15 сениори, но тоа е што е некои работи не можеш да ги промениш. Загрижен сум, но сега се подготвуваме за Бормут и Њукасл“, изјави Клоп.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

