Тен Хаг: Ова е само почеток, можеме да играме уште подобро

Манчестер јунајтед стигна до својата прва победа сезонава во Премиер-лигата откако синоќа на домашен терен славеше над Ливерпул со 2-1 во дербито  на 3. коло од годинашниот шампионат.

Ова  беше прва официјална победа за Ерик тен Хаг на клупата на „црвените-ѓаволи“. Холандскиот стратег по мечот беше задоволен од освојувањето на трите бода против големиот ривал.

„Можеме да зборуваме за тактиката, но се се сведува на ставот. Комунициравме меѓусебно и бевме борбени. Сакав различен пристап од првите два натпревари и тоа се случи. Ова е само почеток, мислам дека можеме да играме уште подобро“, изјави Тен Хаг.

Се вчитува...