Санчо: Многу ни значи победата над Ливерпул

Манчестер јунајтед славеше со 2-1 на домашен терен против Ливерпул во дерби натпреварот од 3. коло во англиската Премиер-лига.

Стрелец на првиот гол за „црвените-ѓаволи“ беше Џејдон Санчо. Англичанецот се уште не ги оправда очекувањата по доаѓањето на „Олд трафорд“, но вели дека овој триумф многу им значи на него и неговите соиграчи.

„Оваа победа ни значи многу. Не одигравме добро во првите две кола. а денеска тоа го променивме. Имавме многу грешки минатата недела, знаевме дека треба да се вратиме вечерва и да им покажеме на навивачите што можеме“, вели Санчо.

Се вчитува...