Алиоски: Чувството не може да се опише, пресреќен сум во Фенербахче

Македонските репрезентативци доминираат во турското првенство викендов, откако Езгијан Алиоски се запиша во листата на стрелците во триумфот на Фенербахче над Аданаспор. Слично како Енис Барди во петокот, и Алиоски постигна погодок откако влезе во игра од клупата за резерви.

По мечот тој вели дека е пресреќен за голот, а чувството не може да се опише.

 

 

„Првпат играм пред домашната публика и навивачите беа извонредни. Ова е нешто што не се опишува. Тешко е да кажам какво е чувството да дадеш гол пред своите навивачи, на својот прв меч.Многу сум среќен за оваа победа, за фактот дека славевме со навивачите. Јас сум пресреќен што сум дел од Фенербахче. Требаше да дојдам тука во минатата година, но не се случи тоа. Сепак, ако верувате дека може да се случи – ќе се случи! Сега сум тука во оваа сезона и среќен сум “, рече Алиоски после мечот.

Се вчитува...