Касемиро по девет години поминати во Реал Мадрид ги промени клупските бои и во следните години ќе го носи дресот на Манчестер Јунајтед. Бразилецот кој со „кралевите“ освои речиси се што можеше да се освои, на „Олд Трафорд“ пристигна за 60 милиони евра и се очекува да биде клучното засилување за четата на на Ерик тен Хаг.
Но, има и такви кои мислат дека искусниот играч од средниот ред нема да ја преслика формата од деновите поминати во Реал Мадрид. Таму играше рамо до рамо со Модриќ и Крос, а нема способности сам да држи еден тим, смета легендата на Ливерпул, Грам Соунес.
„Играше со фантастични играчи во средниот ред во Реал, но тој не фантастичен играч. Никогаш не беше голем играч. Го гледам како просечен и коректен играч кој евентуално може да му помогне на Јунајтед да биде поцврст во одбраната. Нема разноврсност во додавањата. Не мислам дека ќе им помогне на останатите играчи во играта. Имаше многу среќа што беше дел од тој тим на Реал. Никогаш не сум чекал со нетрпение да го гледам Касемиро, за разлика од Бензема и другите играчи за врска на Реал. Има 30 години, а видете колку е платен. Премногу пари се тоа, но тоа е Манчестер Јунајтед“, вели Соунес.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

