Алегри по киксот против Сампдорија: Ни недостасуваа два клучни играчи

Јувентус ги загуби првите бодови во сезоната откако ремизираше на гостувањето кај Сампдорија без голови во 2. коло од Серија А. „Старата дама“ настапи без повредените Погба и Ди Марија па беше далеку од посакуваното ниво, а и покрај тоа што преку Рабио успеа да ја затресе мрежата, голот не беше признат по прегледот на ВАР поради офсајд.

По натпреварот тренерот на Јувентус, Масилимијано Алегри вината за ремито ја најде во неконкретноста, но како алиби го изрази и отсуството на Погба и Кјеза.

„Никогаш повеќе не смееме да се повлекуваме, вака загубивме два бода, но од друга страна втор пат оваа сезона не примивме гол. Имавме убава прилика на крајот, но ни недостасуваат Погба и Кјеза, тоа се многу важни играчи за нас. Сакаме да постигнеме нешто големо. Малку доцниме зад останатите, но треба да бидеме стрпливи. Повторно ќе кажам, добро е што втор пат сезонава не примаме гол. Сега ни остнаува да се подготвиме за големиот натпревар против Рома“, изјави италијанскиот стратег.

Се вчитува...