Саторански ги пропуштa квалификациите за СП, но е во комбинација за Евробаскетот?

Кошаркарската репрезентација на Чешка се соочи со големи проблеми пред почетокот на Евробаскетот откако на подготвителните натпревари остана без услугите на својот најдобар играч, Томас Саторански кој заработи повреда на дуелот против Германија.

Новиот кошаркар на Барселона го повреди зглобот на десната нога, но и покрај тоа што се предвидуваше дека нема да биде во комбинација за настап на собирот на најдобрите европски репрезентации, последните прегледи велат дека ги пропушта квалификациите за Светското првенство, но постои можност за настап на Евробаскетот.

„Томас ќе остане во Прага каде ќе се рехабилитира според планот на докторите. Ќе знаеме повеќе за напредокот од повредата на следните прегледи кои ќе бидат за една недела по што ќе добиеме и точна информација дали ќе игра на Евробаскетот. Тој има победнички менталитет, фокусиран е сто отстотно, сака да и помогне на репрезентацијата и ќе направи се што може за да настапи на Евробаскетот“, вели портпарот на чешката репрезентација, Михал Соб.

Се вчитува...