Јувентус денеска треба да одлучи дали ќе му ги исполни високите барања на Мемфис Депај и ќе го ангажира, или ќе бара друго решение во нападот. Торинскиот тим и натаму нема одлучено кој голгетер ќе го земе. Првично со Депај беше договорено 5 милиони од сезона, а Холанѓанецот бара 6,5.
Токму од тука сега „бјанконерите“ би можеле да се свртат кон потписот на полскиот напаѓач Аркадиуш Милик. Наводно голгетерот и италијанскиот клуб се договориле на едногодишна позајмица од 2 милиони евра, со опција за откуп од 8 милиони евра на крајот од сезоната.
Трансферот на Милик би бил реалност доколку Јувентус денеска на состанок се реши да не му ги исполни барањата на Депај, кој и натаму е без клуб откако е јасно дека ќе го раскине договорот со Барселона, која не смета на него.
На Милик му е добро познат италијанскиот фудбал, со оглед дека долго време беше дел од Наполи пред да замине во Олимпик Марсеј.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА