Мајката на детето со аутизам кое Кристијано Роналдо му го скрши мобилниот телефон, во разговор за „Мирор“ откри дека Португалецот после инцидентот се јавил и се извинил. Роналдо фрустриран од резултатот после мечот со Евертон, му го изби мобилниот на детето кое снимало како играчите се собираат во соблекувалната. Името на детото е Џејкоб Кели.
Сара Кели кажа дека Роналдо бил многу дрзок и безобразен на телефон и дека го разочарала кога Португалецот и кажал дека нејзиното дете има проблеми.
„Ми ѕвонеше телефонот а на другата страна слушнав глас ‘Добар ден, тука Кристијано Роналдо’. Ме праша дали сакаме да се најдеме со неговото семејство, а не го знаеше ниту името на мојот син, па го кажуваше со дечко. После тоа ми кажа дека знае дека Џејкоб има проблеми, а јас му реков дека тој има проблеми“, раскажа Сара.
Роналдо и рекол дека не направи ништо лошо…
„Роналдо се извини и рече дека не направил ништо лошо. Тоа ме налути и го прашав: „Дали удирањето на мојот син не е повреда?“, рече Сара која призна дека после разговорот со Португалецот не можела да престане да плаче.
Роналдо после натпреварот се јавил на Инстаграм и се извинил на Џејкоб, притоа не го именувал момчето.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

