Српскиот фудбалски шампион Црвена Звезда и сезонава нема да биде дел од Лигата на шампионите, откако во реваншот на домашен терен одигра 2-2 против израелскиот Макаби Хаифа кој успеа да ја зачува предноста од првиот меч кој го доби со 3-2.
Белграѓани брзо ја анулираа негативата од 3-2 од првиот натпревар откако поведоа со 2-0 со головите на Пешиќ во 27. и Иваниќ во 43. минута. Гостите во судиското продолжение на првото полувреме намалија на 2-1 откако прво Милан Борјан успеа да му одбрани пенал на Хазиза, но само 20 секунди подоцна прими смешен гол од Сандгрен.
Во второто полувреме Израелците беа далеку подобар противник и заслужено стигнаа до победа, а трагичар за „црвено-белите“ беше Милан Павков кој си постигна автогол во 90. минута.
Викторија Плзен славеше на домашен терен со 2-1 против Карабаг и се пласираше во групната фаза откако првиот меч во Азербејџан заврши без победник 0-0. Бенфика и во реваншот триумфираше над Динамо Киев, овојпат со 3-0.
Milan Borjan penalty save + Red Star 2-[1] Maccabi Haifa – Daniel Sundren 45+5′ from soccer
Red Star 2-[2] Maccabi Haifa – Milan Pavkov own goal 90′ from soccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА