Вардар се сеќава: Пред пет години испишана историја во Истанбул, а денеска е македонски второлигаш

Фудбалскиот клуб Вардар на денешен ден пред точно пет години во Истанбул ги испиша најблескавите страници во поновата историја, станувајќи прв македонски тим што се пласирал во групната фаза од Лигата на Европа.

„Црвено-црните“ на колена го кутнаа големиот Фенербахче, совладувајќи го и во Истанбул со 1-2, откако претходно славеа и во Скопје со резултат 2-0.

Вистинска штета е што пет години подоцна, и покрај сериозната сума на пари земена од овој успех и учеството во Лигата на Европа, „вардарци“ сега не само што сонуваат за Европа, туку се дел од Втората македонска лига. Испаѓањето од елитата пред две сезони беше допирање на дното, но уште позагрижувачки е што Вардар не само што не се врати експресно во елитата, туку и повторно се соочува со сериозни финансиски проблеми.

Светлото на крајот на тунелот сега е толку далеку… А пред пет години Вардар блескаше во сиот свој сјај… Онака, европски…

Се вчитува...