Рони О’Саливен: Јас сум како Ѓоковиќ…

Седумкратниот светски шампион во снукер Рони О’Саливен го спореди својот стил на игра со начинот на кој српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ги победува своите ривали на тениските терени.

Тој призна дека му е тешко секогаш да игра на високо ниво, но кога ќе заигра тоа е како Ѓоковиќ.

„Поголемиот дел од кариерата играм на високо ниво, а тоа е навистина тешко. Тоа е како да играш тенис со Новак Ѓоковиќ. Го добиваш првиот сет со 6-4, даваш се од себе, а тогаш тој почнува да игра и на твоето лице се познава дека ти веќе не можеш да се носиш со тој човек. Можете да освоите еден, два или три фрејма, но на крајот вашата игра се распаѓа. Во мојата глава секогаш стои дека тој не може да игра подобро, а јас можам и така од резултат 4-4 ќе побегнам на 12-4. Истото го прави и Ѓоковиќ во тенисот“, изјави О’Саливен. 

Се вчитува...