Џек-пот: Њукасл договори голгетер од 75 милиони евра

Њукасл конечно ќе ја заврши потрагата по нов голгетер потпишувајќи договор со Александар Исак. Богатите газди од Саудиска Арабија конечно решија да го одврзат кесето, експресно завршувајќи ги преговорите за шведскиот напаѓач со тоа што ги прифатиле условите што ги побарал неговиот клуб Реал Сосиедад.

Шпанскиот прволигаш инсистираше на отштета од 75 милиони евра, а Њукасл се согласи на оваа сума, со тоа што 70 милиони ќе бидат исплатени загарантирано со самиот трансфер, а пет милиони евра се врзани со неколку лесно остварливи клаузули. Во Сан Себастијан се подготвени да ја прифатат и официјално понудата, со што ќе биде дадено зелено светло за Исак да змаине на лекарски прегледи и потпис на петгодишен договор со Њукасл.

За услугите на Исак долго време се интересираше Арсенал, но „топчиите“ не сакаа да ја платат сумата што ја бараше Реал Сосиедад, па наместо Швеѓанецот решија да го ангажираат Габриел Жезус од Манчестер Сити.

Се вчитува...