Манчестер Јунајтед е подготвен да тргне во офанзива по холандскиот репрезентативец Коди Гакпо, но крилниот офанзивец најпрвин ќе се обиде да му помогне на ПСВ Ајндховен да се пласира во Лигата на Шампионите.
ПСВ на домашен терен ќе се обиде да стигне до триумф над Глазгов Ренџерс со кој би стигнал до групната фаза од ЛШ, дуел на кој Гакпо ќе биде еден од главните адути на тренерот Руд ван Нистелрој. Челниците на Јунајтед покажале почит кон ПСВ и Ван Нистелрој чекајќи со понудата до разврската во оваа битка, пред да тргнат во целосна офанзива за ангажман на Гакпо.
Висината на понудата што ќе биде испратена утре ќе изнесува 40 милиони евра и се очекува истата да биде сериозно разгледана од ПСВ, поради желбата на Гакпо за преселба во Премиер-лигата.
Покрај Гакпо, Јунајтед сака да го доведе и Антони од Ајакс, трансфер што би можел да ја достигне сумата од 100 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

