Кристијано Роналдо долго време инсистира на заминување од Манчестер Јунајтед, но проблем претставува фактот што ниту еден од европските гиганти не сака да го доведе Португалецот во своите редови. Неговиот агент Жорге Мендеш се чини конечно има малку среќа во потрагата по нов клуб, откако сериозен интерес за Кристијано покажа поранешниот европски првак – Олимпик Марсеј.
Амбициозните газди инвестираа сериозни пари во летниот преоден рок, но со ангажманот на Кристијано Роналдо сакаат дополнително да го кренат имиџот на клубот кој со години наназад не знае за освојување на титула во Франција.
Француските медиуми тврдат дека Мендеш денеска пристигнал во Марсеј на разговори со челниците на клубот, со надеж дека ќе биде најден заеднички јазик за овој изненадувачки трансфер. Останува да се види и реакцијата на самиот фудбалер, кој најавуваше дека сака да освојува трофеи, нешто што тешко ќе му оди во Марсеј ако се знае дека за ривал ќе го има дрим-тимот на ПСЖ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА