Работнички, по катастрофалниот старт на сезоната, се засили со камерунскиот интернационалец Марселин Гандо Биала, и српскиот дефанзивец Дејан Ѓуриќ.
Марселин Гандо потпиша договор до крајот на 2023 година и ќе го засили нападот на „романтичарите“. 25-годишниот Гандо доаѓа од египетскиот клуб Петројет, а има претходно искуство од Европа каде настапувал за Левадија (Естонија) и за Енозис (Кипар). Тој има играно и во неколку камерунски клубови, Лес Астрес, Униспорт Бафанг, Апејес и Њу Стар.
Српскиот интернационалец Дејан Ѓуриќ, пак, потпиша едногодишен договор со тимот од Дебар маало. Ѓуриќ има 23 години, игра на позицијата централен дефанзивец и треба да ja зголеми конкуренцијата во одбраната на Работнички.
Ѓуриќ доаѓа од српскиот клуб Раднички Сремска Митровица, а претходно има настапувано за Бродарац и за Жарково.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА