Цуцули се врати назад во Шкендија

Ардијан Цуцули е најновото засилување на Шкендија со кое тетовци ќе се обидат дополнително да ја засилат одбранбената линија сезонава.

Искусниот 35-годишен фудбалер доаѓа меѓу тетовци од редовите на Дрита од Гњилане, четири години откако ја напушти Шкендија за да се пресели во овој косовски клуб. Претходно, Цуцули како член на Шкендија стигна до две титули во македонското првенство и два куп-трофеи во нашата земја.

„Кога станува збор за Шкендија, нормално дека секој камбек е емотивен бидејќи тоа е клубот во кој ги минав најубавите моменти во кариерата. Сега се враќам дома, а овде се и неколку фудбалери кои заедно настапував за Шкендија во минатото. Со Шкендија ја освоив првата титула во 2011 година, се надевам дека сезонава повторно ќе стигнеме до шампионскиот трофеј“, изјави Цуцули по потписот на договорот.

Се вчитува...