Крај на пеколот во Манчестер – Баи се пресели во Олимпик Марсеј

Манчестер Јунајтед се ослободи од уште еден фудбалер што подолго време не е стандарден првотимец, откако Ерик Баи денеска и официјално ги напушти „црвените ѓаволи“.

Олимпик Марсеј ќе биде новиот клуб на дефанзивецот од Брегот на Слоновата Коска, откако Баи денеска потпиша договор со „сино-белите“. Тој доаѓа на едногодишна позајмица на „Велодром“, но во договорот меѓу клубовите има клаузула дека Олимпик ќе мора да го откупи наредното лето доколку бидат исполнети одредени услови.

Ерик Баи пристигна во Манчестер јунајтед во 2016 година од Вилјареал за сума од 30 милиони фунти. Несигурноста во интервенциите беше негов заштитен знак, па бројот на одиграни натпревари се намалуваше од година во година. Ланската сезона тој настапи на само четири средби за Јунајтед, а откако Тен Хаг јасно му стави до знаење дека не смета на неговите услуги, искусниот одбранбен фудбалер се реши за нов предизвик и го избра Марсеј за своја следна дестинација.

Се вчитува...